Почетна ПопуларноЕден од лидерите на Србите од Косово: Решени сме да останеме на барикадите, нема да не газат!

Еден од лидерите на Србите од Косово: Решени сме да останеме на барикадите, нема да не газат!

од nenad
1 минути читај за

Еден од лидерите на Србите од северот, Славко Симиќ, вечерва во разговор со претседателот Вучиќ изјави дека српскиот народ е заглавен во ќош, затоа што некој се обидува да го згази и да го турне во дупка и јама.

„Тоа нема да го дозволиме. Дедо ми, татко ми, јас и моите деца се соочивме со овој проблем. Народот сака да знае која е нашата стратегија во иднина. Кои чекори да ги преземеме понатаму. Народот е решен да остане на барикадите , да ги зачуваме нашите огништа“, рече Симиќ.

Вучиќ додаде дека во целост стои зад Србите на Косово и дека тие се негови браќа и сестри. Исто така на ова додаде дека знае и има план како да ја води Србија кон успешниот пат и дека ќе го сослуша секој збор вечерва.

Инспирирано од: infomax.mk