Почетна ТехнологијаЕДЕН ОД ВОДЕЧКИТЕ БАНКАРИ ВО СВЕТОТ ПРЕДУПРЕДУВА – Да, кризата е на видик

ЕДЕН ОД ВОДЕЧКИТЕ БАНКАРИ ВО СВЕТОТ ПРЕДУПРЕДУВА – Да, кризата е на видик

од nenad
1 минути читај за

Шефот на најголемата американска банка, JP Morgan Chase, Џејми Дајмон и натаму смета дека најверојатното сценарио е рецесија во САД.Според него, изгледите за таканаречено „меко приземјување“ на американската економија без да западне во рецесија се меѓу 35 и 40 отсто, што значи дека рецесијата е најреална опција, пренесува CNBC.

   

Тој уште во февруари изјави дека пазарите во САД се премногу оптимисти за ризикот од рецесија, а сега ја потврди својата претходна позиција и го привлече вниманието на бројните неизвесности и ризици.

„Отсекогаш укажував на геополитичките фактори, цените на становите, дефицитите, трошењето, квантитативното заострување, изборите, сите овие работи предизвикуваат вознемиреност на пазарите“, додаде извршниот директор на JP Morgan Chase.Дајмон е скептичен и за изгледите на американската централна банка ФЕД да ја намали инфлацијата во САД до посакуваните два проценти поради планираните големи расходи за американската војска и зелената економија.