Почетна МакедонијаЕгипет ја стави невладината организација „Ал-Мустакбал“ од Албанија на листата на терористички организации

Египет ја стави невладината организација „Ал-Мустакбал“ од Албанија на листата на терористички организации

од nenad
1 минути читај за

Египетската судска одлука опфаќа 35 организации и 36 лица од различни европски земји, а меѓу нив е и Здружението за култура „Ал-Мустакбал“ од Албанија.

Египет стави 35 организации и 36 лица на своите листи на терористички организации и терористи, со важност од пет години, врз основа на одлука на Кривичниот суд во Каиро.

Меѓу организациите опфатени со одлуката се наоѓа и „Al-Mustaqbal Cultural Association“ (Здружение за култура Ал-Мустакбал) од Албанија.

Одлуката е донесена на 10 ноември 2026 година, во рамките на предметот број 11108 од 2026 година, а е објавена во египетскиот службен весник, во изданието број 250.

На списокот се наоѓаат исламски здруженија, организации, институции и совети од повеќе европски држави, меѓу кои Франција, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Италија, Шведска, Турција, Босна и Херцеговина, Албанија, Македонија и Косово.

Меѓу институциите опфатени со одлуката се и Советот на муслиманите на Европа, Европскиот совет за фетви и истражувања, Европскиот совет на имами, Европскиот совет за муслимански семејства и Европскиот форум на муслимански студенти.

Египетскиот суд наложил објавување на одлуката во службениот весник, со сите правни последици што произлегуваат од неа.

Важно е да се нагласи дека станува збор за одлука донесена според египетското законодавство. Таа сама по себе не значи дека организацијата е ставена на терористичките листи на Европската Унија или на албанските институции.


Post Views: 422