Европскиот парламент (ЕП) е пред усвојување на извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ, кој ќе содржи признавање на македонскиот идентитет и јазик на четири места. Ова ќе биде второто законодавно тело во Европа по германскиот Бундестаг, кој донесе одлука за македонскиот јазик на 15 јуни 2023 година.
Признанието треба да биде наведено во следниот извештај на Европскиот парламент за напредокот на Македонија кон ЕУ, кој треба да биде усвоен во јули. Признавањето на јазикот и идентитетот било постигнато откако главниот известувач – Австриецот Томас Вајц од Зелената партија – постигна консензус со другите седум известувачи „во сенка“ што ги претставуваат политичките семејства во ЕП.
Зелената партија на известувачот Томас Вајц е коалициски партнер со партијата Европска слободна алијанса – ЕФА. ЕФА, наведува „Бгнес“ ги претставува интересите на малцинствата кои бараат регионална автономија, самоуправа или независност во рамките на ЕУ. Меѓу членовите на ЕФА се и забранетата партија ОМО „Илинден“ – Пирин во Бугарија и Македонската алијанса за европска интеграција во Албанија – МАЕИ.
Post Views: 18
Извор : vesnik-ilinden.com
Европскиот парламент во извештајот ќе ги признае македонскиот јазик и идентитет