Почетна ЕкономијаЕврокомесарот Шефчович утре во Вашингтон поради договор за царините

Еврокомесарот Шефчович утре во Вашингтон поради договор за царините

од nenad
1 минути читај за

Комесарот за трговија на Европската Унија, Марош Шефчович, од утре ќе престојува во главниот град на САД, Вашингтон, каде ќе разговара со претставници на американската влада во врска со потенцијален договор за давачки.

“Европската Унија се надева дека ќе постигне договор со кој би се избегнала воведувањето нови царини и евентуална штетна ескалација од двете страни на Атлантикот”, изјави портпаролот на Европската комисија, Олоф Гил.

ЕУ веќе ги замрзна на 90 дена своите противмерки кои беа испланирани како одговор на американските давачки за алуминиум и челик, откако сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, донесе одлука да ги намали на 10 проценти таканаречените “реципрочни царини” кои претходно беа воведени за околу 60 држави во различни пропорции.

Во гест на добра намера и со цел да се овозможи можност за преговори, ЕУ ги стави своите мерки во мирување, иако американските давачки на алуминиум, челик и авто делови сè уште се активни.

“Сакаме да ѝ дадеме шанса на дипломатијата. Но, ако преговорите не бидат задоволителни, контрамерките ќе бидат активирани”, изјави минатата недела претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. ссм/фото: архива .

Извор: МИА