Table of Contents
Начинот на којшто размислувате се рефлектира на енергијата која ја зрачите, а сакале или не, и на начинот на којшто се однесувате. Ако чувствувате огорченост од вашиот љубовен живот, може да реагирате цинично и да делувате очајно и депресивно.
Еве кои негативни мисли ве кочат на љубовен план и подмолно ве спречуваат да ја запознаете специјалната личност која ја чекате:
Можеби сум премногу пребирлива
Знаете што сакате и не се задоволувате со помалку? Нема причина да го сметате тоа за минус. Би било многу нефер кон вас ако одлучите да излегувате со секој маж кој колку-толку изгледа пристојно и со кого можете да поднесете да сте во врска. На крајот на краиштата, во таква врска нема да сте среќни и секогаш ќе мислите дека има нешто подобро за вас.
Почитувајте ги вашите критериуми. Само вие знаете што е најдобро за вас и не дозволувајте околностите или одредени личности да ве принудат да верувате дека токму поради тоа правите грешка.
Никогаш нема да си најдам некој…
Женскиот ум е креативно место кога ќе проработи самокритичноста. А, всушност, тоа е последното нешто што треба да го правите кога и да било. Секојдневно повторувајте си ги вашите доблести и позитивни страни и еднаш засекогаш ослободете се од критичките негативни мисли.
Поврзани објави
Не сум доволно секси
Внимавате на себе и никогаш не ја занемарувате моќта на привлечниот изглед. Но, и покрај тоа, понекогаш се прекорувате дека не се трудите да изгледате посекси. Престанете! Во многу случаи мажите се плашат да им пријдат на жени кои се премногу накитени, затоа што делуваат недостапно.
Жените кои премногу се обидуваат да бидат секси често оставаат и впечаток дека се очајни. Треба да изгледате негувано и женствено, а не провокативно.
Не се присилувајте да се облекувате и шминкате позаводливо, затоа што тоа нема да сте вие. Мажите сакаат жени кои се чувствуваат комфорно и секси во својата кожа. Поработете на вашата самодоверба, затоа што нема ништо посекси и попривлечно од самоуверена жена.
Сите мажи се исти…
Не, не се сите мажи исти. Генерализирањето секогаш води до погрешни заклучоци. Можеби досега не сте имале доволно среќа за да запознаете некој што ја заслужува вашата љубов, но тоа не значи дека не постои подобар.
Гледајте на секој човек како на одделна личност. Зошто да страда некој ваш сегашен обожавател само затоа што бившиот не знаел да ве цени и/или ја изневерил вашата доверба?
Сите добри мажи не се сингл
Ако вашите заљубени пријателки постојано ви се фалат колку им е убаво во врска, а вашите сингл пријателки се жалат колку во денешно време е тешко да се најде вистински партнер, тогаш апсолутно логично е да извлечете заклучок дека сите добри мажи веќе се во врска.
Но, светот е голем и постојат многу луѓе кои вие не ги познавате. Не губете надеж. Тоа што досега не сте го пронашле мажот од соништата не значи дека тој веќе поминал покрај вас и дека е во нечија прегратка.
Сосема нормално е од време на време во главата да ви се појават негативни мисли, особено ако подолго време сте сами и ако сте разочарани од досегашното љубовно искуство. Важното е како ќе се справите со тие мисли. Ако не можете лошите мисли да ги претворите во позитивни, тогаш убијте ги веднаш по нивното раѓање.
Кога сте негативно настроени кон вашата љубовна иднина, може не сакајќи да ги пропуштате шансите за среќа.