Меланија Трамп синоќа дошла на премиерата на својот филм „Меланија: Дваесет дена историја“, а покрај неа бил сопругот Доналд Трамп
Меланија Трамп се појавила синоќа на премиерата на својот филм „Меланија: Дваесет дена историја“ облечена во тесен, црн фустан со копчиња од брендот „Долче и Габана“ и црни шик-потпетици.
Покрај неа бил Доналд Трамп, кој гордо ја гледал својата сопруга.
Сопружниците биле горди и среќни поради премиерата на новиот филм, а првата дама на Америка истакнала дека ова не е документарец, туку филм што го прикажува она што не може да се види секојдневно.
Од познатите личности што присуствувале особено се истакнала Ники Минаж, која претходниот ден изјавила дека му е најголем обожавател на Доналд Трамп. Од децата на Доналд Трамп бил забележан само Доналд Трамп Јуниор со девојка му Бетани Андерсон, додека другите деца ја бојкотирале премиерата и не се појавиле. На премиерата не дошол ни нивниот син Барон.
Поврзани објави
Меланија рекла дека се надева дека луѓето ќе ја запознаат малку подобро преку овој филм:
„Ќе видите хумор, ќе видите тага, ќе видите мода, така што, многу сум горда на овој филм.
Јас сум многу приватна и селективна личност. Што правам, што не правам; кога зборувам, кога не зборувам. И тоа е мој избор. Никој не е задолжен за мене и јас не сум задолжена за никого“, рекла таа за „Фокс“.
Идејата за филмот настанала веднаш по победата на Трамп на изборите, а преговорите започнале само неколку дена подоцна, на 18 ноември минатата година.
Првата дама била директно вклучена во секој аспект од продукцијата и инсистирала на кинематографска беспрекорност.
Не сакала да изгледа како обичен документарец, туку како „воздигнат филм“, откриле извори.
ФОТО: ИНСТАГРАМ