19
Послужете ја со кисело млеко или јогурт
Состојки:
- 2 поголеми пилешки филеа
- 1 главица кромид
- 1 поголема црвена пиперка
- 1 поголема зелена пиперка
- 1 средна главица зелка
- сол, бибер, мешан зачин
- црвен пипер
- 250 мл павлака за готвење
- 1 јајце
Приготвување:
Поврзани објави
1. Исечкајте го филето на поситни парчиња, па пропржете ги на малку масло. Додајте ситно сечкан кромид, пиперки, па динстајте кратко. Потоа, додајте и исечкана зелка, посолете или додајте мешан зачин, забиберете и додајте малку црвен пипер.
2. Промешајте ги сите состојки и префрлете ги во огноотпорен сад или тепсија, прелејте ги со јајце изматено со павлака за готвење и малку сол, па ставете ги во загреана рерна и печете ги на 200 степени околу половина час.
ФОТО: Принтскрин Јутјуб