Table of Contents
Со овие едноставни трикови, вашата облека ќе мириса свежо и до 15 дена
Облеката која нема пријатен мирис откако ќе се исуши е проблем што мачи многу домаќинки, но и луѓе кои внимаваат на хигиената. Тој непријатен мирис на исушена облека обично не е знак дека сте погрешиле при перењето, туку дека правите некои чести грешки што можат да ја уништат свежината.
Еве кои се трите најчести и како да ги поправите…
1. Предолго ја оставате облеката во машината за перење
Една од најголемите причини зошто облеката го губи мирисот е тоа што стоела предолго во барабанот по перењето. Облеката што стоела мокра повеќе од половина час, почнува да развива влага и бактерии, што доведува до непријатен мирис.
Како да го одбегнете ова:
Штом машината заврши со циклусот на перење, веднаш извадете ја облеката и закачете ја.
Ако не можете да го сторите тоа веднаш, искористете ја опцијата за одложено завршување на циклусот што ја нудат модерните машини.
Никогаш не оставајте мокра облека во машина прекуноќ, ниту пола ден – дури и миризливиот детергент нема да го спречи развојот на бактерии.
Ако често ви се случува да заборавите, ставете аларм на телефонот.
2. Користите премногу детергент или погрешен детергент
Многу луѓе мислат дека повеќе детергент значи почиста облека, но, всушност, премногу сапун може да остави остатоци на ткаенината, што ја прави облеката тешка и оневозможува да се задржи мирисот.
Како да го одбегнете ова:
Поврзани објави
Следете ги препораките на произведувачите на детергент и внимавајте да не ја преполнувате машината.
За помеки и посвежи мириси, пробајте течен детергент наместо прашок, особено за пониски температури.
Повремено чистете ја машината со сода бикарбона и оцет – машината која е самата валкана, влијае врз мирисот на облеката.
Додајте неколку капки омекнувач или миризливо масло за облека во последниот циклус на плакнење – така мирисот трае многу подолго.
3. Неправилно ја сушите облеката
Дури и совршено испраната облека може да го изгуби мирисот ако не ја сушите правилно. Најчестите проблеми:
- Облеката се суши во влажен простор.
- Облеката е пренатрупана на сушарницата.
- Ја диплите облеката пред да се исуши целосно.
Како да го одбегнете ова:
Расчленете ја облеката и прострете ја убаво на сушарницата.
Ако користите машина за сушење, не пренатрупувајте го барабанот.
Немојте веднаш да ја диплите исушената облека – проветрете го неколку минути, така мирисот ќе трае подолго.
Во зима облеката побавно се суши, па затоа ставете сад со врела вода во просторијата или вклучете вентилатор – облеката побрзо ќе се исуши и ќе го задржи мирисот.
ФОТО: Freepik