Пијалотот Прајм е измислен од јутуберот Логан Паул со намера да заработи пари откако изгубил голема сума пари фејк покемон карта во која вложил многу пари но го донело до банкрот. Инаку Логан Пол е многу популарен јутубер кој што креира забавна содржина за младата популација за на крај да стане и боксер.
Постојат два вида од пијалокот „прајм“ – енергетска, односно кофеинска верзија, која содржи Л-теанин, кој не е дозволен во безалкохолните пијалоци во Европската унија и „прајм хидра“, која се продава кај нас. Во Словенија и во Хрватска е забранета енергетската верзија на „прајм“.Се поставува прашањето што е Л-теанин и зошто е забранат во ЕУ и колку е штетен.
Л-теанин е аминокиселина која се наоѓа во чаевите, посебно во зелениот чај и има неколку потенцијални здравствени бенефити. Истражувањата покажале дека Л-теанинот може да помогне во намалување на субјективниот стрес, да ги подобри конгитивните перформанси, да ги подобри сонот. Некои истражувања покажале дека кобинација на Л-теанин и кофеин може да има позитивен исход на млади кои имаат АДХД. Но, иако нуспојави од конзумација на Л-теанин не се пријавени, пиење на големи количини зелен чај, поради додатниот кофеин може да доведе до мачнини, пореметување во желудникот и раздразливост.
Л-теанин во комбинација со високо ниво на кофеин, како што содржат енергетските пијалоци на „прајм“ може да го зголемат влијанието на кофеинот што може да доведе до зголемена раздразливност, несоница и други нус – појави поврзани со кофеинот.