Семејството и блиските ја одбележаа 26-годишнината од смртта на Жељко Ражнатовиќ
Семејството и пријателите денеска ја одбележаа 26-годишнината од смртта на Жељко Ражнатовиќ Аркан на Новите гробишта во Белград, а овојпат без неговите деца Велјко и Анастасија.
На поменот присуствуваше неговата сопруга Светлана Цеца Ражнатовиќ, во друштво на снаата Богдана, внукот Жељко и сестрата Лидија. Ова е прва година Велјко да не се појави на годишнината од смртта на татко му.
Причината е тоа што тој веќе извесно време се наоѓа во Русија, каде што се подготвува и тренира по неодамнешна повреда. Цеца откри дека целосно го поддржува неговиот избор, нагласувајќи дека таму го пронашол мирот и условите што му се потребни за напредок во кариерата. Велјко тренира во Владкавказ, регион познат по врвни борци.
Поврзани објави
На гробиштата не се појави ниту ќерката на Аркан, Анастасија Гудељ, која живее во Шпанија со сопругот, српскиот фудбалски репрезентативец Немања Гудељ. Двајцата во декември беа во Србија, кога заедно со семејството ја прославија нејзината слава, Свети Никола.
printskrin youtube – k1 tv – ceca