„Наместо да го преземат претседавањето со Државната академија за наука и уметност, да создадат простор за повеќе академици, да гласаат за законот што го предложивме додека го блокираа со ВМРО-ДПМНЕ за правична и соодветна застапеност во МАНУ, тие дојдоа до „големата општинска идеја“ што уште повеќе ги понижува Албанците“,
се вели во соопштението од ДУИ.Оттаму додаваат дека ова е обид на „Вреди“ да покаже некакви резултати и да го запре слободниот пад за кој од ДУИ велат дека ја понижува нацијата.
„Коалицијата ја ‘основа академијата‘ на науките и уметностите која ќе ја финансираат, замислете, општините, единствен случај во светот, академиско маало. Во екот на серијата ‘еден скандал на ден‘ вазалите и слугите на ВМРО ДПМНЕ во главна улога за понижување на албанскиот народ, како нелегитимни учесници, без волја на народот, во моноетничката влада. За 30 дена нè вратија 30 години назад“,се додава во соопштението од ДУИ.
Според ДУИ, ист бил случајот и со Музејот на слободата, Детскиот театар и десетици други „општински импровизации“ кои, како што велат, служеле за „општинска манипулација“.Лидерите на коалицијата „Вреди“ вчера од Тетово најавија дека ќе се обезбеди општинско финансирање на здружението „Албанска академија на науките и уметностите“.Општинското финансирање, како што велат од „Вреди“, треба да биде привремено решение, а ќе бараат академијата да ја финансира државата од буџетот.