36
Патникот одбил да го врзе појасот, па капетанот решил да го врати авионот на почетната позиција и да го отстрани патникот од летот.
По качувањето и дозволата за полетување, авионот почнал да таксира по пистата, но персоналот го забележал патникот без појас. Патникот одбил да го врзе појасот, па капетанот решил да го врати авионот на почетната позиција и да го отстрани патникот од летот.Полицијата го изведе патникот од авионот, а против него ќе биде поднесена пријава за нарушување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Според неофицијални информации, станува збор за малолетник. Авионот полетал од аеродромот Константин Велики наместо во 10:10 часот во 12:55 часот, јавува „Јужне вести“.