Почетна ЕкономијаДо ДИК досега 209 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората

До ДИК досега 209 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората

од nenad
0 минути читај за

29/02/2024
ВЕСТИ, ЛОКАЛНО


До попладневните часови пристигнати се вкупно 209 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората за претстојните парламентарни и претседателски избори, информираат за МИА од Државната изборна комисија (ДИК).

Од ДИК посочуваат дека од вкупниот број пријави 53 се прифатени, девет се одбиени, а за 147 пријави во тек е на обработка. Ппријави од дипломатските претставништва се уште не се пристигнати до ДИК.

  Согласно Роковникот на ДИК, доставувањето на пријавите за гласање на изборите е до 20 март, в среда. свс/лв/Фото: МИА архива .

Извор: МИА