Почетна МакедонијаДоцна е пред избори да ја укинеме пржинската влада, вели Османи

Доцна е пред избори да ја укинеме пржинската влада, вели Османи

од nenad
1 минути читај за

Според Османи, за овие избори не може да има промени на моделот, а многу е важно и на претстојната лидерска средба во декември да се постигне консензус дали изборите ќе се одржуваат споено или одвоено.Како што истакна тој на брифинг со новинарите, во ДУИ уште нема одлука кој би бил премиер во техничката влада и тоа најверојатно ќе се реши во почетокот на декември.

   

-Како потпретседател на партија, јас би се согласил за наредните избори да се повлече пржинската влада, но не на овие избори. Едноставно сме преблиску за да ги смениме правилата на игра во последен момент. Сега, на овие избори, продолжуваме со истите правила на игра согласно договореното и уште при формирање на коалицијата – дециден е Османи.Негова оценка е дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не е против техничка влада поради министрите и замениците министри, туку поради премиер Албанец.