Почетна ТехнологијаДОМ: ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ НОВА ЖЕШКА ТОЧКА со опасен отпад во Скопје!

ДОМ: ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ НОВА ЖЕШКА ТОЧКА со опасен отпад во Скопје!

од nenad
1 минути читај за

Со ова барање за проширување на дозволата дополнително ќе се оптерети животната средина со тешки метали во метрополата Скопје од третманот на нови видови на опасен отпад  од пирометалургија на оловна троска (10 04 01*, 10 04 02*), цинк (10 05 03*, 10 05 05*), киселини, бази, соли и  нивни раствори и метални оксиди (06 01 06*, 06 02 04*, 06 03 15*), отпад од арсен и други тешки метали (06 04 03*, 06 04 05*) и други.


ДОМ е генерално против градење или реконструкција на нови инсталации од тешка и загадувачка индустрија –  Г1 а посочената фирма пред месец дена направи еколошки инциден со оставање на опасен отпад – оловна троска во с.Орман о.Ѓ.Петров и го преработуваше истиот опасен  отпад во новопоставена инсталација без дозвола од МЖСПП со што се создадени услови за нова жешка точка со опасен отпад во Скопје.
Со почит,
Централна Канцеларија на ДОМ