Почетна БалканДоминацијата на Верстапен и Ред Бул продолжи – шеста победа по ред на светскиот првак

Доминацијата на Верстапен и Ред Бул продолжи – шеста победа по ред на светскиот првак

од nenad
1 минути читај за
t

Светскиот првак Макс Ферстапен ја запиша и шестата победа по ред во Формула 1 и ја продолжи доминацијата откако попладнево од пол-позиција дојде до триумф на Големата награда на Велика Британија на патеката „Силверстоун“.

Ред Бул дојде до 11-та победа по ред и израмни рекорд стар повеќе од три децении на Мекларен со ваква серија, благодарение на доминантниот Вестапен кој денеска дојде до втората победа на „Силверстоун“ по ред, а триумфираше пред Ландо Норис и бившиот светски првак Луис Хамилтон.

Тотален дебакл повторно имаа двајцата возачи на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Сајнц, кои завршија на деветтото и десеттото место, пет позиции послабо од таму каде стартуваа.

Макс Верстапен стигна до 43-та победа во кариерата и сега има вкупно 229 бодови во генералниот пласман, Серхио Перез е втор со 149, додека на третото место е Фернандо Алонсо со 131 бод.

Извор: sport1.mk