Почетна ЕкономијаДождот го угаси пожарот во „Јасен“.

Дождот го угаси пожарот во „Јасен“.

од nenad
1 минути читај за

Врнежите кои започнаа пред седум часот утринава и траеја повеќе од два часа во реонот на ловиштето „Јасен“, придонесоа кон гаснење на пожарот кој беснееше повеќе од десет дена, објавија денес од Управата за заштита и спасување (УЗС).

„Но, и покрај значителното количество дожд, на одредени места од линијата на пожарот сè уште се забележува чадење, поради што по подигнувањето на маглата и чадот, ќе продолжиме со теренска акција врз жариштата кои покажуваат знаци на тлеење.“

Овој предел ќе биде прегледан и со беспилотни летала со термални камери. Екипи на ЈП „Јасен“ продолжуваат со обиколки сè додека не се уверат дека огнената стихија е комплетно ликвидирана, се истакнува во известувањето.

Се упатува повик до населението да бидат претпазливи за да избегнат предизвикување пожари, како и да пријават секое сомнително однесување.

„Доколку граѓаните забележат електрични жици што се допираат или искрат, веднаш да пријават во „ЕВН“ или на бројот 112, се додава во информацијата од УЗС.