Димо Хаџи Димов е македонски социјалист, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.
Добро утро Македонци, ова утро ви пренесуваме како мислеше, зборуваше и пишуваше Димо Хаџи Димов.
– Ве повикувам во името на Гоце за да ни послужи тоа име како моќна повелба за нашето единствено чувствување како Македонци и за целосно и сестрано откинување од ноктите и мрежата на онаа политика, чии носители најмногу придонесоа за раскинувањето и за новата трагедија на Македонија и кои и денес продолжуваат преднамерно да всадуваат несогласија и конфликти меѓу нас, за да не бидеме во состојба да ја одбраниме Татковината од нови заговори и од нови предавства. Сите по патот на Гоце! Сите под едно знаме, неговото знаме.
