Пејачката жестоко реагираше по упадот на Драгомир Деспиќ – Десингерица во кадар и најави дека ќе го „држи под контрола“
На денешното снимање на првата емисија од „Пинкови ѕвезди“ дојде до жестока расправија меѓу пејачката Јелена Карлеуша и раперот Драгомир Деспиќ – Десингерица. Додека Карлеуша даваше изјава за медиумите, тој влезе во кадар и одби да се помести, иако пејачката љубезно го замоли. Ситуацијата веднаш се претвори во тензија, а Карлеуша подоцна отворено проговори за нивниот однос.
Не знам дали да се смеам или да плачам. Тоа не би го нарекла однос, туку еден хорор. Се надевам дека после 40 епизоди ќе добие среќен крај,“ изјави Карлеуша.
Поврзани објави
Пејачката додаде дека ќе се обиде да го смири:
Тој е како дете со посебни потреби кое мора да се држи под контрола. Тука е за да ја забавува публиката, а ние останатите од жирито сме тука да се посветиме на кандидатите. Ова не е само пеење, туку барање вистинска ѕвезда – а ѕвезда мора да трае и да има покритие.“
printskrin Informer.rs