Почетна ЕкономијаДиректорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, учествуваше на 28-миот Евроазиски Економски Самит во Истанбул

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, учествуваше на 28-миот Евроазиски Економски Самит во Истанбул

од nenad
1 минути читај за

Директорот Гоце Димовски, како дел од владината делегација предводена од министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, заедно со Викторија Трајков, заменик-министерка за европски прашања, денес присуствуваше на 28-миот Евроазиски Економски Самит во Истанбул, Турција, организиран од страна на Фондацијата за стратешки и општествени истражувања – Мармара Груп.

Тој се обрати на панелот со тема „Екологија, Економија, Енергија и Вештачка Интелигенција“ при што потенцираше дека одржливиот развој не е само избор, туку нужност.

“Технолошко-индустриските развојни зони во Македонија се поставени како пример за интегрирање на еколошките стандарди во индустрискиот развој. Со фокусирање на лесна, незагадувачка индустрија и модерна логистика, создадовме услови за производство што ги минимизира негативните влијанија врз животната средина и овозможува квалитетен живот за локалните заедници”, изјави Димовски.

Тој ги нагласи фискалните и царински поволности, даночните ослободувања и поддршката за нови работни места, што директно влијае на привлекувањето најиновативни домашни и странски инвеститори.

“Само преку партнерства, размена на знаење и иновации можеме да изградиме економии кои се отпорни, инклузивни и одржливи. Македонија останува посветена на европските вредности, на зелената транзиција и на дигиталната трансформација – заедно со вас, нашите пријатели и партнери од евроазискиот регион”, рече Димовски.

Исто така, тој во рамките на самитот оствари средби со бројни високи претставници и потенцијални инвеститори, при што беа разгледани можностите за потенцијални инвестиции и зајакнување на економските врски.

Целта на овој самит, како што велат од ТИРЗ, е да ги зближи бизнисмените, политичарите и академиците од различни земји, што ќе влијае на јакнење на соработката во областите на економијата, демократијата и безбедноста.

Учеството на Македонија и Дирекцијата за ТИРЗ како институција на овој самит, сметаат од Зоната, е потврда за успешната соработка со Турција, со напори за континуирано унапредување на економските и инвестициски односи меѓу двете земји.

сст/aa/ Фото: Дирекција за ТИРЗ.