Почетна ЕкономијаДизелот и бензинот од утре поскап на бензиските станици

Дизелот и бензинот од утре поскап на бензиските станици

од nenad
1 минути читај за

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, а цената на бензините се зголемува за 1,5 денар – одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62 отсто.

Новата максимална малопродажна цена на „евросупер БС – 95 ќе изнесува 93 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 95, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 101,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за два денари по литар се зголемува малопродажната цена на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) и ќе чини 100,5 денари, а Мазутот М-1 НС поскапува за 1,850 денари за килограм и ќе се продава за 45,576 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,795 отсто, кај дизелот за 4,842, кај екстра лесното масло за 3,958 и кај мазутот за 6,467 отсто. Курсот на денарот, пак, во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5340 отсто