Малолетникот кој синоќа беше прегазен на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, бил удрен додека минувал пешачки премин. Според извори на „Макфакс“ од местото на настанот, со возилото управувало девојка, а несреќата се случила помеѓу Скопје Сити Мол и мостото Влајко во Карпош.
Автомобилот го управувал девојка, која според очевидци, не го пропуштила пешатокот. Таа посочила дека не закочила бидејќи автомобилот до неа наеднаш закочил, а таа возела паралелно и него видела пешакот кој има тешки повреди.
„На 19.06.2023 околу 21.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“, патничко возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(22) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. По несреќата, малолетникот бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди, Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје“, гласи билтенската информација на МВР.На истото место пред две години бил усмртен велосипедист.