Почетна ТехнологијаДали Тошковски во минатото застапувал судски спорови против МВР преку разрешениот началник на СВР Штип? – МАКТЕЛ

Дали Тошковски во минатото застапувал судски спорови против МВР преку разрешениот началник на СВР Штип? – МАКТЕЛ

од nenad
1 минути читај за




Левица тврди дека одговорниот началник на СВР Штип, Дејан Салтировски за време на трагедијата во Кочани имал директни лични односи со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Од партијата тврдат и дека за време на претходната власт, Дејан Салтировски како вработен во гранична полиција, на полицајците им нудел потпишано полномошно од адвокат Панче Тошковски. – Дека министерот го штити Салтировски говори фактот што истиот е вратен на неговата позиција во граничната полиција, без да се отвори каква било постапка за негова одговорност за кобната ноќ – велат од партијата.

Од Левица прашуваат дали во минатото министерот застапувал судски спорови против МВР преку сега разрешениот началник на СВР Штип. -Дали Тошковски лично ургирал за Дејан Салтировски да добие безбедносен сертификат? Што правеле во Кочани еден час пред трагедијата Дејан Салтировски (како тогашен началник на СВР Штип) и неговиот кумашин Ванчо (како тогашен помошник-началник во СВР Штип)? Левица ќе продолжи да бара одговори за трагедијата во Кочани, затоа што и два месеци после кобната ноќ, ниту еден актуелен висок функционер не е изнесен пред лицето на правдата – се додава во соопштението.