Пејачката Милица Павловиќ на прославата на својот 33 роденден откри дали како Дарко Лазиќ ќе пее на свадба на припадници на ЛГБТ популацијата…
Дарко Лазиќ неодамна откри дека бил гостин на геј свадба и дека со задоволство го земал микрофонот и ѝ отпеал на публиката неколку негови хитови.
Овој потег на фолкерот привлече големо внимание во јавноста, па новинарите побрзаа да го прашаат и Слоба Радановиќ дали ќе тргне по стапките на поискусниот колега, кој во таа прилика истакна дека јасно НЕ.
На оваа тема, на прославата на нејзиниот 33 роденден, припадниците на седмата сила ја прашаа Милица Павловиќ дали ќе настапи на слична прослава.
Да не пееш, ама дали си нормален?! Која е разликата, што е со геј пар, па… ако Слоба Радановиќ добие покана за ваква свадба нека ми ја прати мене, ќе пеам на сите. И ќе одберам аутфити, уф“ – рече Милица Павловиќ.
Поврзани објави
Да потсетиме, Слоба Радановиќ кога медиумите го прашаа дали ќе им пее на геј пар на нивниот најсреќен ден, го кажа следново:
Не би прифатил да пеам на ваква свадба. Се најдобро на сите, но јас не сакам да бидам дел од тоа“.
Фото: Printscreen/Instagram
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: