Истражувањата откриваат – младите најчесто почнуваат околу 17 години, но родителите и експертите имаат свои граници за тоа што е прифатливо.
Според повеќе меѓународни истражувања, просечната возраст на која младите влегуваат во првиот сексуален чин е околу 17 години. И момчињата и девојчињата најчесто се движат во оваа граница, но од држава до држава постојат мали разлики.
Анкетите покажуваат дека поголем дел од младите сметаат дека идеалната возраст за интимни односи е помеѓу 18 и 21 година, кога чувствуваат поголема зрелост и одговорност. Сепак, дел од нив се убедени дека нема ништо спорно и доколку тоа се случи порано, во периодот од 16 до 18 години.
Поврзани објави
Од друга страна, родителите често ја нагласуваат важноста на зрелоста пред физичката возраст. Тие најчесто сметаат дека првиот секс е прифатлив по полнолетството, односно од 18 години нагоре, бидејќи тогаш младите подобро сфаќаат што носат интимните односи и последиците од нив.
Стручњаците предупредуваат дека прераното експериментирање може да резултира со ризично однесување, недостаток на заштита и емоционална нестабилност. Одложувањето, пак, може да донесе несигурност и притисок од врсниците. Затоа тие потенцираат – нема „универзална“ возраст, туку најважна е личната зрелост и свесноста за одговорност.
pexels-pengwhan-1767434