Почетна Убавина и здравјеДали е во ред кумата да носи бело на венчавката? Една невеста не ѝ го прости тоа на својата и ја избрка од свадбата

Дали е во ред кумата да носи бело на венчавката? Една невеста не ѝ го прости тоа на својата и ја избрка од свадбата

од nenad
2 минути читај за

„Сакав сите на свадбата да се чувствуваат самоуверено и убаво, па дозволив секоја деверуша да избере свој фустан, но во рамките на зададената палета на бои – земјени и неутрални тонови“, напишала невестата.

За многу младенци, денот на венчавката е најважниот момент во животот, па не е чудно што често имаат големи очекувања. Желбата за совршенство може да доведе до претераување во планирањето и барањата, во обид да се создаде бајковита прослава што ќе ги исполни сите нивни соништата.

Меѓутоа, во овој процес лесно може да се заборави дека суштината на венчавката – славењето на љубовта и заедништвото – е поважна од перфекционизмот и исцрпувачките детали.

Една невеста го споделила своето искуство со венчавката на Reddit, не знаејќи какви реакции ќе предизвика. Таа објаснила дека се омажила неодамна и дека ја замолила својата најдобра пријателка Ана (името променето поради анонимност) да ѝ биде кума.

Сакав сите на свадбата да се чувствуваат самоуверено и убаво, па дозволив секоја деверуша да избере фустан сама, но во рамките на зададената палета на бои – земјени и неутрални тонови“, напишала невестата.

Ана ѝ испратила неколку опции и побарала мислење за секоја. Меѓу нив се нашла и една валкано-бела сатенска тоалета. Невестата првично се двоумела, но сепак прифатила.

Ѝ реков дека нијансата е премногу блиска до белата боја, но ако ѝ се допаѓа – нека ја носи“, објаснила таа.

Меѓутоа, кога дошол денот на венчавката, невестата го сменила мислењето.

На фотографиите од свадбата фустанот изгледа многу побел отколку што изгледаше на сликите кои ми ги прати Ана. Моето семејство и некои гости почнаа да коментираат дека кумата носи бело обидувајќи се да ме засени. Веќе бев под стрес, а тие коментари само ми го влошија расположението“, раскажала таа.

Во текот на свадбениот прием, ја повлекла Ана настрана и ја замолила да се пресоблече или барем да стави шал врз фустанот.


Поврзани објави

Беше бесна и ми рече дека сум несигурна и смешна. На крајот ја замолив да си оди. Излета и оттогаш не разговара со мене“, напишала невестата.

Таа додаде и дека многу од нивните заеднички пријатели ѝ рекле дека претерала – особено затоа што го одобрила фустанот претходно.

Се чувствувам ужасно, но и понижено“, заклучи тазе-невестата.

Коментаторите на Reddit скоро едногласно застанаа на страната на кумата.

„Твојата пријателка ти испратила слика од фустанот и ти си го одобрила. Кога другите почнале да коментираат, ѝ кажуваш да се пресоблече (во што точно?) или да стави шал врз него“, напишала една корисничка.

„Дозволи другите да мислат дека тоа го направила намерно, наместо да објасниш дека ти си го одобрила“, коментирала друга.

„И јас немаше да ја носам фустан кој изгледа како бел на туѓа венчавка, но тука невестата е таа што згрешила. Не можеш некому да му кажеш ‘слободно’, а потоа да полудиш кога навистина ќе го направи тоа“, заклучила трета.

Што мислите вие?

Фото: Pexels