Мејкап-брендовите essence и Catrice приредија вистински Pearl Hunt спектакл на Охрид – тридневен beauty настан, кој ги собра новинарите и инфлуенсерите од целиот регион и го претвори во најзабавната потрага по убавината досега, надополнета со најновите трендови од светот на убавината.
Веднаш при пристигнувањето, гостите знаеја дека ги очекува нешто посебно – во собите ги дочекаа goodie bag-ови, мали сојузници во авантурата што им претстоеше.
Покрај водоотпорната маскара која им одолеа на дождот и брановите, руменилата кои подаруваа свеж изглед и палетите производи кои го разубавуваа секој момент, тука беше и посебно осмислена beauty мапа. Таа ги водеше гостите низ предизвиците, им го откриваше патот до скриените бисери и додаваше посебен шарм на авантурата.
Првиот дел од настанот беше во знакот на makeup брендот essence и essence гусарите! Гостите станаа вистински морнари и гусари, се фрлија во потрагата за забава и учествуваа во предизвици кои донесоа многу смеа и заедништво.
Дали бисерите беа пронајдени? Ќе кажеме само дека борбата траеше до самиот крај.
Охридско Езеро се претвори во сцена за највеселата пловидба – розов брод, DJ и одлично расположение. Погледите од бродот, ручекот на сплавот и енергијата на тимот создадоа вистински lifestyle момент, каде што essence уште еднаш докажа дека неговата стратегија MAKE BEAUTY FUN на овој настан заживува во целосен сјај.
А на бродот, со музика и забава, таа порака се претвори во MAKE BEAUTY LOUD! – гласна, весела и незаборавна essence авантура.
По гусарските авантури, дојде ред на вистинскиот бисер – makeup брендот Catrice. Потрагата заврши. Gala вечерата беше гламурозна, со откривање на „најголемиот бисер“ – централната декорација на локацијата која симболизираше софистицираност и безвременски шарм на брендот.
Посебен момент на вечерта беа бисерните ѓердани, дар од семејството кое ја чуваше тајната за создавањето на охридскиот бисер. Овој момент дополнително ја нагласи стратегијата на Catrice и силниот слоган OWN YOUR MAGIC – бидејќи вистинската магија на убавината лежи во автентичноста и самодовербата.
Поврзани објави
Атмосферата ја збогати настапот на Народниот ансамбл Танец, чија колекција од 3.000 автентични костими со исклучителна вредност и убавина го претвора секој нивен настап во посебно аудио-визуелно доживување, како и незаборавниот глас на Тамара Тодевска, која ги разиграните пирати и морнари поведе во ноќта.
На настанот беа изложени најновите производи на essence и Catrice, кои донесоа трендови за сезоната есен/зима, заедно со незаменливите бестселери кои веќе ги обожува beauty заедницата.
Гостите уживаа во пробување на новитетите, топлите текстури и модерните варијанти на makeup кои одговараат на секој стил – од храбри визии до софистицирана елеганција. Тоа беше момент кога потрагата за забава се спои со откривањето на вистинските бисери на светот на убавината.
Убавината не застанува на шминката – essence и Catrice со овој настан испратија и силна порака за одговорност. Брендовите донираа средства за заштита на ендемичната охридска пастрмка, покажувајќи дека Pearl Hunt и бисерот на Охрид не се само симбол на гламур, туку и грижа за природата и заедницата.
Пораки на брендовите:
-
essence: MAKE BEAUTY FUN – на Охрид, претворена во MAKE BEAUTY LOUD! Гусарска потрага по забава, розов животен стил и младешки дух.
-
Catrice: OWN YOUR MAGIC – софистицираност, елеганција и самодоверба што блеска како вистински бисер.
Pearl Hunt ги покажа сите убавини на Охрид – од крстосување по езерото и гусарски предизвици, до гала-вечера под светлата на бисерите. essence донесе разиграна hunt атмосфера, додека Catrice даде завршен допир – вистинскиот бисер на вечерта.
Резултат? Настан што ќе се памети како најдобар тридневен beauty спектакл досега – спој на традиција, модерен животен стил, мејкап-магија и одржливост!
Текст и фото: ПР