Почетна ВестиГраѓаните вклучени во донесување на заеднички одлуки

Граѓаните вклучени во донесување на заеднички одлуки

од nenad
2 минути читај за

Денес се организираше втората форумска сесија од циклусот на Форуми во заедницата во организација на Општина Аеродром во  просториите на ОУ ˶Лазо Ангеловски”. Овие форуми имаат за цел да ги вклучи граѓаните во донесување на заеднички одлуки, кои се важни за самата заедница и за нивниот живот.

На Форумот беа поканети и зедоа учество и Претседателот на здружението ЗЕОООП, Александра Петровска заедно со кординаторот на проектот  “До зголемена инклузија”, Александар Петровски.

На Форумот  пред присутните беа  презентирани неколку развиени предлог концепти на приоретизирани проекти од областа на образованието.

Беше презентиран првиот концепт  со фокус на сензорните соби  со наслов : “ Сензорни соби во училишта за деца со посебни потреби“ .

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

Александра Петровска , како претставник на здружението ЗЕОООП го претстави Мониторираното прашање- “Модернизирани училишта со лифтови за пристап на лица со попреченост за секое училиште и зголемување на можностите за нивно активно вклучување во општеството“. Истотака  ја  појасни неопходноста од лифтови во училиштата се со цел учениците со физичка попреченост  да не бидат дискриминирани  согласно фактот,  дека ова е едно од предизборните ветувања на градоначалникот на општина Аеродром.

Петровска посочи дека  согласно документацијата со која располага здружението ЗЕОООП, исполнети се сите услови за започнување со реализација на овие активности.

На Форумот се разви дискусија на која се приклучија и останатите присутни директори од сите општински  училишта и потенцираа дека имаат потреба од вакви лифтови, кои на лицата со посебни потреби ќе им го олеснат движењето во училиштетео а со тоа и воспитиниот и образовниот процес ќе биде поквалитетен и посеопфатен. Дискусијата беше заокружена со прифаќање на предложениот концепт од страна на присутните.

 

Дејан Митевки, претседател на Советот, потенцираше дека :“ Учеството на граѓаните на општина Аеродром во процесот на креирање на политиките на локалната заедница и реализација на конкретни проекти ќе бидат пракса и во иднина како и во одлучувањето  која претсавува можност за граѓаните, граѓанските организации и другите засегнати страни да влијаат врз развојот на политиките кои директно влијаат на нив.

Иновативната иницијатива  “До зголемена инклузија” се спроведува во рамките на проектот “Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија”на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

 

Овој текст е изработен во рамките на проектот “Поддршка за изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини во овој текст не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.

Повеќе за иницијативата – До зголемена инклузија, можете да дознаете на следниот линк:

 

https://electoralreforms.mk/%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B8-2022/

Leave a Comment