Почетна СветГраничниот премин Стење – Горица со полесен режим на преминување, нови можности за Македонците во Мала Преспа

Граничниот премин Стење – Горица со полесен режим на преминување, нови можности за Македонците во Мала Преспа

од nenad
1 минути читај за

Ратификуван е договорот меѓу Македонија и Албанија за воведување на системот „One Stop Shop“, со кој се предвидуваат поедноставени и побрзи гранични контроли.

Меѓу опфатените премини е и Стење – Горица, кој има особено значење за Македонците во областа Мала Преспа.

Со новиот систем се очекува пократко задржување на границата, полесно патување, подобра поврзаност со Македонија и олеснување на семејните, економските и културните контакти.

За Македонците во Мала Преспа, ова е важен чекор кон посилно поврзување со својата матична држава.


Post Views: 97

Извор : vesnik-ilinden.com

Граничниот премин Стење – Горица со полесен режим на преминување, нови можности за Македонците во Мала Преспа