89
Советот на Градот Скопје денеска на шестата вонредна седница на Советот на Градот ја изгласа помошта за справување со последиците од земјотресите во Турција и Сирија.
Помошта е во вкупна вредност од 6 милиони денари од кои по 3 милиони денари ќе бидат одвоени за Турција и Сирија, а средствата ќе бидат уплатени во фондот за солидарност на Црвениот крст на Република Македонија.
Одлуката за давање помош на Турција и Сирија беше едногласно донесена. Сите советници пред почетокот на седницата оддадоа почит на загинатите со едноминутно молчење и посакаа брзо закрешнување на повредените и сочувство до семејствата на загинатите.