Почитувани,
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во средното училиште на Град Скопје „Јосип Броз Тито“ ја отвори панел дискусијата, организирана по повод одбележување на глобалниот Ден на нулта дискриминација. Со денешниот настан се одбележува Денот на нулта дискриминација, кој има за цел да промовира различност, толеранција и инклузија.
Градот Скопје со скопските средни училишта континуирано работи на подигнување на свеста за негативните ефекти од дискриминацијата, како и за реализација на мерки и активности за инклузивност во училиштата. Од суштинско значење се заедничките напори за спротивставување на дискриминацијата меѓу младите во сите нејзини форми, да се препознае вредноста на различноста и да се промовира инклузија и толеранција градејќи праведно и рамноправно општество.
На денешната панел дискусија учествуваа скопските средношколци, стручни лица, експерти, училишните психолози и педагози, директорите на училиштата кои дискутираа за организацијата на средните училишта во насока на превенција од дискриминација. На настанот се разговараше и за видовите на дискриминација со кои се среќаваат учениците, како и за последиците односно за чувствата на учениците кои се изложени на дискриминација. Заклучоците од панел дискусијата беа во форма на мерки за заштита од дискримнација, со акцент на правните механизми за заштита, а се одржа и отворена дискусија со учениците.
- Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство
- (ФОТО) Кулите Ајло, познати и како Кули на облаците, во Нантер, Франција, дизајнирани од архитектот Емил Ајло во 1977 година
- Кумановец ќе одговара за запуштање и малтретирање на малолетно дете – МАКТЕЛ
- (ФОТО ГАЛЕРИЈА) ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ СЕ СРЕТНА СО НОВОИМЕНУВАНИОТ АМБАСАДОР НА АЛБАНИЈА