Почетна СветГрадот Скопје продолжува да поддржува значајни проекти, овој пат за лицата со интелектуална попреченост

Градот Скопје продолжува да поддржува значајни проекти, овој пат за лицата со интелектуална попреченост

од nenad
1 минути читај за

Град Скопје продолжува со одличната кампања и мисли на сите граѓани од Скопје.

Град Скопје ја поддржува работата на двата дневни центри за лица со интелектуална попреченост Порака, во Аеродром и Капиштец, согласно програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита.

Дневните центри обезбедуваат поддршка на лицата со интелектуална попреченост на дневна основа, вклучително и обука за усовршување вештини за самостојно живеење, работни и образовни програми, како и дополнителни активности за активен и исполнет социјален живот.

Градот Скопје продолжува да поддржува значајни проекти за подобрување на квалитетот на животот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства.

Инспирирано од: infomax.mk