Навикнати сме познатата актерка да избира гламурозни фустани за свечените настани, но овој пат се надмина себеси и можеме да кажеме само едно – честитки, госпоѓо!
Актерката Никол Кидман неодамна присуствуваше на доделувањето на наградите Critics Choice 2025 година. Познатата убавица избра едноставна комбинација наместо гламурозна тоалета или секси-фустан.
Никол овој пат се определи за машки костум, поточно сако и панталони со висок струк и широки ногавици.
Оваа „креација“ ја потпишува француската луксузна модна куќа „Сен Лоран“, а може да се каже дека за 57-годишната актерка беше полн погодок.
И тоа не е се’…
На својот деловен изглед додаде кошула со пруги и темна вратоврска, создавајќи совршена комбинација на класичен и лежерен стил.
Поврзани објави
Што се однесува до останатиот дел од нејзиниот стајлинг, Никол ја обликуваше косата на наједноставен можен начин – избра брановидна фризура, додаде неколку златни додатоци и нанесе минимална шминка во земјени тонови.
Нејзиниот изглед на црвениот тепих не остана незабележан ниту од модните критичари, кои оценија дека изгледа „моќно и елегантно“.
Фото: Инстаграм