Почетна ЕкономијаГолем пожар на депонијата кај Крива Паланка: Над 12 часа трае борбата со огнената стихија

Голем пожар на депонијата кај Крива Паланка: Над 12 часа трае борбата со огнената стихија

од nenad
1 минути читај за

Голем пожар од вчера попладне ја зафати депонијата за комунален отпад во близина на Крива Паланка, а екипите на терен повеќе од 12 часа непрекинато работат на негово локализирање и ставање под контрола.

Од Општина Крива Паланка информираат дека во справувањето со огнената стихија се вклучени сите расположливи ресурси. На терен се екипите на ЈП „Комуналец“ и Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, со потребната механизација.

Дополнителна помош пристигнала и од соседната Општина Ранковце, додека во акцијата се вклучиле и локални компании и граѓани кои ставиле сопствена механизација на располагање.

Од локалната самоуправа велат дека пожарот е со сериозен обем и дека приоритет во моментов е да се спречи неговото натамошно ширење.

„Повеќе од 12 часа континуирано се преземаат активности за локализирање и ставање под контрола. Сите расположливи капацитети се насочени кон справување со пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење“, информираат од Општина Крива Паланка.

Активностите на терен продолжуваат без прекин. Од Општината упатија благодарност до противпожарните екипи, јавните претпријатија, компаниите и граѓаните кои се вклучија во справувањето со пожарот.

Јавноста, како што најавуваат од локалната самоуправа, ќе биде информирана за сите нови информации и развојот на ситуацијата.