Почетна Убавина и здравјеГолда Меир го знаела лекот за овој проблем – Убавина и здравје

Голда Меир го знаела лекот за овој проблем – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Сите ние имаме некој во нашето опкружување кој не е многу добар со нас, а не знаеме како да се однесуваме со него

Голда Меир била четвртиот премиер на Израел, а нејзините мудри мисли се прераскажуваат и денес. Еве како таа се борела со луѓето кои отворено ја мразеле.

„Човекот што ќе ја изгуби совеста, губи сè“

Прво, треба да сфатите која е подлата личност во вашето опкружување. Голда Меир била сигурна дека таквата личност е способна за предавство и плашливост. Подлоста е измама и слабост споени во едно.

Вистината е дека ништожникот никогаш нема да се види себеси како таков. Подлите луѓе се способни за предавство, дволичност, лажни обвинувања и клевети. Доколку им подадете рака и тие ве предадат, ќе знаете со кого си имате работа.

Тие се чувствуваат немоќно и инфериорно покрај пристојни и чесни луѓе. Подлите луѓе треба да ги сожалувате, а не да ги мразите или да им се плашите.


Поврзани објави

Подлоста е исто што и фрустрацијата и одмаздата и сите тие се засноваат на стравот. Страв од некого или нешто.

Обидете се да одбегнете каков било контакт со таква личност. Ако не ви одговара некој, едноставно исклучете го од вашиот живот.

„Нашата судбина не можат и не треба да ја одредуваат други луѓе“

Тоа што некој ве мрази, не би требало да има никакво влијание врз вас. Голда Меир сметала дека секогаш треба да бидете добри, да им дадете шанса на луѓето, а ако тие ја изиграат таа шанса – оддалечете се од нив. Тогаш ќе знаете со кого си имате работа.

Кога и да имате можност да направите добро дело, помогнете им на оние во неволја. А ако тие се свртат против вас – барем ќе знаете со кого си имате работа.

ФОТО: Emmanuel Phaeton / Unsplash