89
На овој ден пред 22 години во 2001-ва година се случи страшниот терористички напад на кулите близначки во Њу Јорк и зградата на Пентагон во Вашпингтон.
Америка и светот се сеќаваат на страшниот напад кој беше осуден од целиот свет и резултираше со околу 3000 невини жртви.
Одговорноста за овој терористички чин беше превземена од Ал Каеда и нејзиниот лидер Осама Бин Ладен. По овој напад администрацијата на Буш сакајќи да ги одмазди жртвите изврши инвазија во Авганистан и Ирак, додека пак во времето на Обама во Пакистан во акција на специјалните сили беше ликвидиран водачот на Ал Каеда – Бин Ладен.
.