Познатата пејачка открива дека тајната е во тренинзите, не во ограничувањата
Пејачката Гога Секулиќ откри дека ослабела 15 килограми без да се мачи со строги диети. Иако е љубител на слатки и храна, таа вели дека успеала да ја доведе линијата во ред само со редовно вежбање.
Се здебелив затоа што уживав во животот и храната, но кога помислив на мојот син, сфатив дека морам да бидам здрава за него,“ вели Гога.
Мотивацијата ѝ била нејзиниот син Василије Андреј, кој ѝ дал сила да се посвети на себе.
Поврзани објави
Во текот на кариерата, нејзината тежина се движела од 59 до 80 килограми, но денес таа се чувствува добро и не се оптоварува со неколку килограми плус или минус.
Важно е да сте задоволни со себе. Сите жени имаат такви фази,“ додава таа.
printskrin Youtube-skymisic