Ашанти тајно се омажи на 27 декември минатата година со долгогодишниот партнер, со кој порано ја раскина врската. Славниот пар го очекува своето прво дете, а оваа музичка ѕвезда на 43 години станува мајка.
Оваа година славната Ашанти постојано ја изненадува публиката со неочекувани вести, прво дека е во блажена состојба, а потоа и дека тајно се омажила. Нејзиниот избраник е музичарот Нели, кој е шест години постар од неа, пишува TMZ.
На почетокот на оваа недела, пејачката зборуваше за својата свршувачка и свадба од соништата. Свршувачката ја опиша како прекрасен, интимен момент кој воопшто не го очекувала: „Во тоа време ги носев неговата маица и неговите боксерки“.
Поврзани објави
Можеби Ашанти и Нели планираат уште една свадбена прослава. Пејачката во април потврди дека е во блажена состојба и дека ќе стане мајка на 43 години. Нејзиното ново интервју донесе уште едно откритие.
Оваа година е голем благослов од мојот живот, полна со љубов, надеж и исчекување. Мајчинството е нешто што со нетрпение го очекував и споделувајќи го ова со моето семејство, свршеникот и со верните фанови, кои толку ја поддржуваа мојата кариера, е неверојатно искуство“, истакна таа во интервју за Essence.