Table of Contents
Ретинол + киселини + витамин Ц? Дерматолозите предупредуваат: „Понекогаш помалку е навистина повеќе“
Дали и во негувањето на кожата важи правилото „помалку е повеќе“? Ако некогаш сте биле во искушение истовремено да нанесете серум со ретинол, витамин Ц, AХA или БХA-киселини – со надеж дека побрзо ќе добиете затегната, мазна и блескава кожа – ова е текст што мора да го прочитате.
Дерматолозите предупредуваат: претерувањето со активни состојки може да предизвика токму спротивен ефект – црвенило, сувост, иритација и нарушена кожна бариера.
Често постои заблуда дека колку повеќе работите на лицето, толку подобри резултати ќе имате“, објаснува дерматологот д-р Егјан Чан.
„Но, премногу силни состојки во исто време можат да ѝ наштетат на кожата.“
Па кои комбинации се најризични?
РЕТИНОЛ + AХА-КИСЕЛИНИ = ПРЕГОЛЕМ СТРЕС ЗА КОЖАТА
Ретинолот, дериват на витамин А, е златен стандард во антиејџ-негата. Тој го поттикнува обновувањето на клетките и создавањето колаген, со што ја подобрува текстурата и ги намалува брчките и акните.
Но, постои „но“.
Ретинолот може да ја наруши кожната бариера – првата линија на одбрана на кожата. Д-р Чан ја споредува бариерата со ѕид од тули: клетките се тули, а липидите се малтерот што ги држи заедно.
AХA-киселините (гликолна, млечна, манделична) буквално го „растворуваат малтерот“, овозможувајќи отстранување на мртвите клетки. Гликолната киселина е особено силна поради својата мала молекуларна структура, објаснува проф. д-р Џошуа Зајхнер.
Во комбинација? Ризик од иритација, печење, лупење и воспаление.
Како да ги користите безбедно?
-
Нови активни состојки воведувајте една по една.
-
Ако сте почетник – започнете со ретинол.
-
Користете ретинол навечер.
-
Почнете 2–3 пати неделно, па постепено зголемувајте.
-
AHA користете ги во различни вечери од ретинолот.
-
При иритација – пауза додека кожата не закрепне.
РЕТИНОЛ + ВИТАМИН Ц: ДВЕ „СУПЕРЅВЕЗДИ“ ШТО НЕ СЕКОГАШ СЕ СОГЛАСУВААТ
Витаминот Ц е омилен поради антиоксидативното дејство, изедначување на тенот и стимулирање колаген. Но, L-аскорбинската киселина – најчесто користената форма – е нестабилна и се формулира со ниска pH-вредност, што може дополнително да ја иритира кожата.
Во концентрации над 20%, ризикот од иритација е уште поголем.
Комбинацијата со ретинол – уште една активна и потенцијално иритирачка состојка – може да биде премногу за чувствителната кожа.
Поврзани објави
Решение:
-
Витамин Ц користете наутро.
-
Ретинол користете навечер.
-
Не комбинирајте витамин Ц со други силни активи во ист чекор.
Ниту една рутина не треба да има повеќе од два чекора наутро и два навечер“, советува д-р Зајхнер.
РЕТИНОЛ + БХA (САЛИЦИЛНА КИСЕЛИНА): ИСТО ПРАВИЛО
Иако БХA-киселините генерално се послаби од AХA, ретинолот веќе ја прави кожата почувствителна.
Затоа нивната комбинација често доведува до прекумерна иритација.
✔ Како да ги комбинирате?
-
Користете BHA производи што се измиваат (чистачи).
-
Нанесете ги 30–60 секунди, па исплакнете.
-
Потоа нанесете ретинол.
-
Секогаш завршете со хидратантен крем.
АКТИВНИ VS ПОДДРЖУВАЧКИ СОСТОЈКИ – КЛУЧОТ Е ВО БАЛАНСОТ
Д-р Зајхнер ги дели состојките на:
Активни: ретинол, AХA, БХA, витамин Ц
Поддржувачки: глицерин, хијалуронска киселина, церамиди, сквалан
Активните ја менуваат структурата и функцијата на кожата – но можат да иритираат.
Поддржувачките ја хидрираат, обновуваат и зајакнуваат бариерата – и можат безбедно да се комбинираат.
Заклучок? Комбинирајте паметно, не агресивно.
Понекогаш навистина – помалку е повеќе.
ТОП 5 ПРОИЗВОДИ СО РЕТИНОЛ
-
Elizabeth Arden Retinol Ceramide Capsules Line Erasing Night Serum
-
Vichy Liftactiv Retinol Specialist Serum
-
F1 Skin Specialist Retinol.2 Pro-koncentrat
-
La Roche-Posay Retinol B3 Serum
-
Neutrogena Retinol Boost Cream
Текст: Јелена Белимарковиќ