Германската влада на краток рок ќе обезбеди дополнителни 400 милиони евра за воена поддршка на Украина, се наведува во писмото на Министерството за финансии до парламентарната комисија за буџет. Според документот до кој имала пристап ДПА, средствата се за набавка на воена опрема – пред се за противвоздушна одбрана, дронови и заштитна опрема. Украина, без значително поголема материјална поддршка, може да ја загуби одбранбената војна, предупреди државниот секретар во Министерството за финансии, Флоријан Тончар, кој го потпиша писмото.
Според германското министерство, до крајот на годината ќе бидат потребни околу 1,42 милијарди евра за поддршка на Украина. Тоа е за 397 милиони евра повеќе од буџетската сума за која е потребна согласност од Бундестагот. Пратеникот Карстен Клајн веќе ја објави својата поддршка.
„Ние си го држиме зборот“, рече Клајн, член на комисијата за буџет. „На Украина итно и треба дополнително воено материјално и воено оружје за да ги брани својата слобода и нашите вредности. Тончар и Клајн се членови на Либералите, најмалата партија во владејачката коалиција, како и министерот за финансии Кристијан Линднер.