Почетна ВестиГЕРМАНИЈА НЕ Е ИЗНЕНАДЕНА: Шолц за контроверзната американска одлука

ГЕРМАНИЈА НЕ Е ИЗНЕНАДЕНА: Шолц за контроверзната американска одлука

од nenad
1 минути читај за




Германија не е изненадена од одлуката на САД за снабдување на Украина со касетна муниција, бидејќи американската страна го информирала претходно, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

   

Според него, САД донеле одлука за испорака на касетна муниција поради недостиг на други видови муниција.

Шолц, сепак, рече дека Германија ги почитува своите обврски како потписничка на Конвенцијата за касетна муниција, но не ги коментира суверените одлуки на другите земји.

Тој е уверен дека сепак ќе разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин.

    

– Нормално, повторно ќе разговараме – рече Шолц на прес-конференцијата.