Почетна МакедонијаГерасимовски: Златните славејчиња ги израдуваа децата, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ добива нова и целосно опремена сензорна соба

Герасимовски: Златните славејчиња ги израдуваа децата, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ добива нова и целосно опремена сензорна соба

од nenad
1 минути читај за

Општина Центар и Рамстор Македонија денеска организираа предновогодишен настан кадешто Златните славејчиња и Дедо Мраз ги израдуваа најмладите, децата во социјален ризик од основните училишта во Општина Центар, првачињата од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и лицата со Даунов синдром од здруженијата „Трисомија 21” и „Доза среќа”. Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека голема е честа што заедно се собрани да подарат радост, среќа и насмевки на најмладите во пресрет на новогодишните празници.

„Среќен сум што заеднички организиравме една предновогодишна забава во која дечињата уживаа на песните на Златните славејчиња, играа и пееја создавајќи спомени што ќе ги носат со себе во новата година. Голема благодарност до менаџментот на Рамстор Македонија којшто е пријател на општината во поддршка на образовни проекти. Во новата 2025 година, со финансиска поддршка на овој трговски центар, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ ќе добие нова и целосно опремена сензорна соба. Со оваа инвестиција, создаваме подобро инклузивно образование во Општина Центар и подобри услови за развој на нашите деца. Ви благодарам и Ви посакувам среќна и успешна 2025 година за сите!“, рече Герасимовски. Во своето излагање, тој се заблагодари на генералната директорка на трговскиот центар, г-а Даниела Адемоска и јавно и додели признание за досегашната соработка и реализираните проекти.

Со почит, Општина Центар