Почетна Убавина и здравјеГеоргина Родригез го покажа стомакот, Деми Мур крие колку е слаба, а Шерон Стоун доминира: Моден БУМ на Канскиот фестивал

Георгина Родригез го покажа стомакот, Деми Мур крие колку е слаба, а Шерон Стоун доминира: Моден БУМ на Канскиот фестивал

од nenad
2 минути читај за

Филмскиот фестивал во Кан уште еднаш докажа дека е место каде што елитата доаѓа за да се забавува, но и да се покаже

На седмиот ден на Канскиот фестивал беше прикажана проекцијата на филмот „Надеж“, во кој играат Мајкл Фасбендер и Алиша Викандер. Двојката игра вонземјани во новиот филм „Надеж“ и ова е нивното повторно спојување по 2014 година кога играа во филмот „Светлина меѓу океанот“.

Тогаш лудо се вљубиле еден во друг, се венчале и добиле две деца.

На премиерата на овој филм присуствувале неколку ѕвезди. Меѓу оние што доминираат на Канскиот фестивал, секако, е Деми Мур, која многу сериозно си ја сфатила својата улога на домаќин и судија на фестивалот.

На седмиот ден на Канскиот фестивал, Деми се појавила со голема пердувеста наметка, која го криела нејзиното слабо тело, за кое на големо се дискутира во целиот свет.

Георгина Родригез дошла да издоминира и на сите им било тоа јасно. Она што не е јасно е дали Георгина е бремена или не, со оглед на тоа што тесниот фустан ѝ го истакнал стомакот. Свршеницата на Кристијано Роналдо ништо нема потврдено, ниту демантирано, само гордо го покажува својот свршенички прстен.


Поврзани објави

Хајди Клум не ги крие килограмите. Напротив, отворено зборува за тоа како менопаузата го променила нејзиното тело, но изгледа дека само Хајди го прифатила фактот што нејзиното тело се менува. Пораките на социјалните мрежи се сурови, папараците не престануваат да ја фотографираат од сите можни лоши агли, но манекенката не се предава. Храбро се смешка и им позира на сите.

Шерон Стоун се појавила да издоминира, и како и секогаш, тоа и ѝ успеало. Бајковитиот фустан што го носела е вистинско ремек-дело и Шерон го знаела тоа. Гордо позирала не дозволувајќи им на организаторите да ја избрзуваат. Кога Шерон Стоун ќе се појави на црвениот килим, целиот свет мора да го знае тоа.

ФОТО: ИНСТАГРАМ