Почетна ВестиГеоргиевски: Работиме напорно за подобрување на инфраструктурата во Општина Илинден

Георгиевски: Работиме напорно за подобрување на инфраструктурата во Општина Илинден

од nenad
0 минути читај за

Работиме напорно за подобрување на инфраструктурата во Општина Илинден.

Денеска извршив увид во поврзување на повеќе домаќинства кон системот за фекална канализација во Марино на улиците „409“ и „410“.

Станува збор за канализација во должина од 500 метри, а покрај овие две улици екипите на ЈКП „Водовод“ ќе продолжат со приклучување и на останатите домаќинства во тој дел на Марино.

Со ова го решаваме проблемот со одведувањето на фекалните отпадни води, со што значително ќе се подобри животната средина и квалитетот на живеење на жителите на Марино.

Во наредниот период продолжуваме и на други локации.