🏷🏙 Општина Гази Баба за прв пат оваа година се приклучи кон семејството на европски градови и општини кои ја одбележуваат Европската недела на мобилност под мотото “Движи се рационално, штеди енергија”.
Тоа подразбира рационален пристап при користење на електрична енергија, гориво и други видови енергија, со цел да се намали негативниот ефект врз животната средина.
👩🏫 Во рамките на оваа недела на нашата територија ќе се одржуваат бројни активности, меѓу кои вчера се одржа и вечерното кино на отворено во основното училиште Крум Тошев пред огромниот број на дечиња кои со воодушевување ја проследија едукативната програма прикажана во два краткометражни филмови
🎬 Приказна за точак и
🎬 Нозете на Амстердам.
🚴♂️🚴♂️ Интересно за дечињата беше што тие самите ја генерираа електричната енергија преку возење на велосипед за да го овозможат прикажувањето на филмовите.
💪Општина Гази Баба го следи трендот на општините и градовите низ светот кои со најразлични активности ја одбележуваат Европската недела на мобилноста.