Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по разговорот со премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски изјави дека Србија и Македонија се навистина пријателски земји.
„Ако ме прашувате мене, братски“, напиша Вучиќ вчера на Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“.
Тој додаде дека нема и не смее да има недоразбирања меѓу Белград и Скопје.
„Ништо не бараме од нашите браќа, единствено што нудиме е искрено пријателство“, изјави Вучиќ.
-Вечерва разговаравме со српскиот претседател @Aleksandar Vučić во Атина. Ме увери дека како преставник на српската држава, тој ги смета македонскиот народ и македонската држава за исклучително пријателски и дека доколку некој македонски граѓанин е навреден од било која порака од српската држава, тој лично ќе се извини, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.