Почетна ЕкономијаВучиќ најави нови мерки од 1 септември „за луѓето, особено за средната класа и посиромашни“

Вучиќ најави нови мерки од 1 септември „за луѓето, особено за средната класа и посиромашни“

од nenad
1 минути читај за

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави “голем пакет мерки” кои ќе стапат на сила од 1 септември, наменети за, како што потенцираше, “луѓето кои припаѓаат на пониската, средна класа и кои се малку посиромашни”.

Во својата објава на Инстаграм, Вучиќ најави иницијатива за промена на Уставот на Србија, со цел да се обезбеди поголема заштита на граѓаните. “Ќе бидеме особено внимателни и ќе започнеме со иницијативата за измена на Уставот на Србија, што се однесува на неможноста извршителите во извршна постапка да им го одземат просторот за живеење, станот или куќата на луѓето кои го имаат тоа единствено место каде што живеат со своето семејство. Ова ќе донесе поголема правда и поголема безбедност за граѓаните”, рече Вучиќ.

Тој исто така напомена дека државата работи на зголемување на платите и пензиите, стремејќи се нивниот раст да биде повисок од стапката на инфлација.

“Ќе се погрижиме цените на најважните производи во продавниците да бидат пониски, ќе се погрижиме кредитите да бидат поевтини, каматните стапки да бидат пониски отколку што се денес”, изјави Вучиќ.

зш/фото Вучиќ/Инстаграм.