Почетна ПопуларноВучиќ: Меѓународни претставници ќе дојдат во јануари поради договор со Косово

Вучиќ: Меѓународни претставници ќе дојдат во јануари поради договор со Косово

од nenad
1 минути читај за

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека очекува во првата половина од јануари во Белград на дојдат меѓународни претставници кои ќе инсистираат на потребата Србија и Косово да постигнат договор за нормализација на односите.

„Очекувам да ми дојдат великани од светот и да ми кажат дека мора да постигнеме договор. Нè чека тешко време по прашањето на косово и метохија, но ќе се бориме“, изјави Вучиќ.

Тој денеска потенцираше дека пред да продолжи дијалогот со Приштина, потребно е меѓународната заедница да ги исполни гаранциите врз основа на кои Србите од северно Косово ги повлекоа барикадите кон граничните премини со Србија.

„Ситуацијата е многу поопасна и потешка отколку што мислите“, оцени Вучиќ, откако локалните Срби 20 дена ги блокираа премините на северот на Косово.

Инспирирано од: infomax.mk