Почетна БалканВучиќ: Го сакаме македонскиот народ и ја почитуваме државата Македонија

Вучиќ: Го сакаме македонскиот народ и ја почитуваме државата Македонија

од nenad
1 минути читај за
t

Важно е за нас ние од регионот да бидеме блиски едни со други, да си ги развиваме односите, да си ги скратуваме процедурите меѓу нас, да обезбедиме слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал, ние да бидеме тие кои со својата стапка на раст ќе биде повисоко од европската во наредните 10 -15 години, и ако ги видите прогнозите на ММФ и СБ, ние драстично ќе ја намалиме разликата од Западна Европа и да се преставиме како единствен блок и покрај разликите и така да настапуваме пред ЕУ, изјави Вучиќ на прес конференцијата на Процесот Брдо-Бриони во Скопје.

Тој додаде дека „безброј пати на сите форуми секогаш говорел дека Србија го признава и македонскиот јазик и територијата на Македонија и црквата и никогаш никаков проблем сме немале и ќе продолжиме да водиме таква политика“.

Вучиќ претходно одговарајќи на новинарско прашање за бугарското и хрватско барање за воведување санкции кон Русија.

-Како се сетија да зборуваат за тоа дека Србија мора да воведе санкции кон Русија. Од сите теми се најдоа Хрват и Бугарин да зборуваат за тоа што треба Србија да работи. Ајде убаво, имате вие свои проблеми и маки, грижи се ти Бугарину што ќе работиш во својата земја, како и ти Хрвату, немојте да се мешате во работите на Србија и не се правите многу умни, одговори Вучиќ.